Џини Вајналдум ќе биде најновото засилување на Рома откако „волчицата“ ги договори сите детали со холандскиот репрезентативец, како и со со раководството на ПСЖ.
Трансферот беше одолговлечен од страна на самиот фудбалер, кој требаше да добие бонус од три милиони евра доколку остане член на ПСЖ до 31 јули 2022 година. Сега кога таа клаузула е активирана, холандскиот ас се согласил на отстранување на сите бонуси што му следеа за наредната сезона, се со цел клубовите што поскоро да се договорат околу деталите.
ПСЖ ја прифати понудата на Рома, позајмица на една сезона, со тоа што во случај Рома да обезбеди влез во ЛШ, веднаш ќе биде активирана клаузула за автоматски откуп за сума од 10 милиони евра. Вајналдум ќе зема плата од седум милиони евра во наредната сезона, од кои 2,8 милиони ќе му ги покрие ПСЖ, а остатокот раководството на „римската волчица“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА