Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано, верува дека Интер веќе ја обезбедил шампионската титула, по ремито на Милан со Комо 1-1.
Тој упати критики за играта на неговиот поранешен клуб Милан, и кажа дека не може да верува како може оваа екипа да игра на ваков начин, додавајќи дека никој повеќе не може да го достигне Интер на првото место.
„Комо пружи квалитетна игра против Милан. Како и обично, Милан е во хаос, и не може да направи ништо во врска со тоа. Не можам да верувам дека тим како Милан може да игра вака. Сега Интер има седум бодови повеќе, и ќе биде многу тешко да се стигнат. Мислам дека е се готово. Повторно ќе кажам дека треба да се внимава на Милан, но тимот има три или четири тешки гостувања, вклучувајќи го и градското дерби“, изјави Касано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

