Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, жестоко го критикуваше Арсенал по слабата игра и заслужениот пораз на гостувањето против Шефилд Јунајтед. Тој ја критикуваше клупската политика да се продолжи со инсистирање на голем број на млади играчи во тимот, иако таквиот пристап со години наназад не даваше резултат.
„Се е исто, само Венгер го нема. Го гледам мечот, Арсенал се уште е „детска градинка“, недостига само Арсен на клупата. Видете го тимот, најдобар е Гвендузи, а тој дојде од втората француска лига. Кога играв со Арсенал ги викав „десет бебиња“ и секогаш бев убеден дека ќе ги победиме, што на крајот и се случуваше“ – истакна поранешниот француски дефанзивец.
Арсенал по синоќешниот пораз сега заостанува два бода зад Челси во трката за четвртото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА