Се е подготвено за кам-бек: Лионел Меси се враќа во Барселона!

Лионел Меси би можел да се врати во Барселона ако Жоан Лапорта ја напушти функцијата претседател, тврди шпанскиот портал „Elgoldigital“.

Шпанскиот портал објави дека Лионел Меси, според информации блиски до играчот, е подготвен да размисли за враќање во Барселона – но само под еден услов претседателот на клубот Жоан Лапорта да ја напушти својата позиција. Според истиот извор, Аргентинецот во приватни разговори јасно стави до знаење дека не гледа враќање како можно додека Лапорта е на чело на клубот.

Познато е дека односите меѓу Меси и Лапорта беа сериозно нарушени во 2021 година, кога Барселона не успеа да го продолжи договорот со својата легенда. Таа разделба остави длабока трага кај двете страни. Лапорта потоа јавно го изрази своето разочарување, додека Меси, видливо емотивен, го напушти клубот по повеќе од две децении во дресот на Блауграна.

Меси моментално е член на Интер Мајами, со кого има договор до крајот на 2025 година. Иако постоеше можност за продолжување на соработката, тој сè уште не го сторил тоа. Во исто време, меѓу навивачите на Барселона сè уште постои силна желба најдобриот играч во историјата на клубот да се врати на „Камп ноу“ – сценарио кое, според шпанските медиуми, би можело да стане реалност само ако има промена во раководството на клубот.

Се вчитува...