Се е подготвено за Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“, МЗТ Скопје го брани трофејот од минатата година

Со прес-конференција одржана во конгресниот центар при хотелот и казино „Аполонија“ во Гевгелија денеска организаторот на завршните турнири од државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2025 година, екипа на КК Кожув ги најави кошаркарските куп-возбудувања наредниве денови.

Осумте екипи учеснички во машка, односно четири екипи учеснички во женска конкуренција, на денешната прес-конференција ги искажаа своите ставови и очекувања за претстојните натпревари.

Спортскиот директор на КФСМ, Марјан Србиноски, пак, го предаде трофејот во трајна вредност на КК МЗТ Скопје Аеродром, ланскиот освојувач. За нив дванаесетти во клупските витрини.

„Најважно е да се одиграа фер и коректни натпревари, со максимално спортско надигрување за освојување на престижниот трофеј“ – порачаа од КФСМ.

Се вчитува...