Осум екипи распоредени во 2 групи ќе учествуваат на IV издание на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 19 до 23 август.
Промотор на турнирот оваа година е легендарниот тренер Лино Червар кој вчеравечер заедно со учесниците: Вардар, Е.Пелистер, Динамо Панчево, Партизан, Киндил, Нексе, Тримо Требње и домаќинот Охрид, одржаа прес конференција во хотелот “Инекс Олгица” на која беше истакнато дека меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ прерарснува во еден од најдобрите во регионот.
А-група: Охрид, Киндил, Нексе, Партизан.
Б-група: Вардар, Е. Пелистер, Динамо Панчево, Тримо Требње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

