Се е подготвено за спектаклот Фјури – Усик

Британскиот боксер Тајсон Фјури тежнее кој најголемиот успех во кариерата пред борбата против Александар Усик во Саудиска Арабија.

Фјури измери рекордни 127,5 килограми на мерењето за саботната борба за титулата светски шампион во тешка категорија против Украинецот Усик кој ја брани титулата во ВБА, ВБЦ и ВБО на мечот кој ќе се одржи во Кралската арена во Ријад.

Фјури на мерењето, во потполност облечен, беше за околу 25 килограми потежок од противникот. Британецот делуваше поопуштено во однос на претходната недела, иако 36-годишниот Фјури изгледаше како да сака што побрзо да заврши мерењето.

Ден претходно, пак, двајцата имаа дури 11 минути долго соочување. Фјури потоа без изјава за медиумите си замина, а Усик на прашањето што чувствува кратко одговори: „Ништо“.

Се вчитува...