Се е подготвено за стартот на новата сезона во Бизнис-лигата

Организаторите на Бизнис-лигата на Македонија со денешната прес-конференција и официјално го најавија стартот на новата сезона од елитното аматерско спортско натпреварување.

Проект менаџерите на Бизнис Лигата им посакаа на сите учесници преку фер плеј игра, добро дружење и забава, воедно презентирајќи ги компаниите учеснички, системот на натпреварување, стартот на сезоната и новитетите кои од оваа година ќе бидат имплементирани во лигата.

Стартот на Бизнис-лигата е закажан за 12.10.2021 година (вторник). Лигашкиот дел ќе се одигра во две етапи и тоа есенски (10 кола) и пролетен дел (9 кола + завршен турнир).

Компании учеснички оваа година се:
А1
Гранит
Матрикс
Ван Хоол
ЕЛЕМ
ЕВН
Лукоил
Спорт Лајф
ЈП Водовод
ЈП Дрисла
Уни Банка
Рамстор
ЈСП
Џојсон Сејфти Системи
Фабрика Карпош – ГИМ
Темато
Шпаркасе Банка
С.Ц. Борис Трајковски
Пивара А.Д. Скопје
Џонсон Мети

Се вчитува...