Се е подготвено за ждрепка: Франција не е носител за ЕВРО 2020

Групната фаза од квалификациите за ЕВРО 2020 заврши, а УЕФА денеска ги објави и шеширите за ждрепката што ќе биде извршена на 30 ноември во Букурешт.

Меѓу носителите има четири земји кои се ко-домаќини на шампионатот, и тоа Германија, Англија, Шпанија и Италија, на кои друштво ќе им прават селекциите на Белгија и на Украина.

Интересно, меѓу прворангираните репрезентации нема место за двата финалисти од последниот Мундијал, па и Франција и Хрватска ждрепката ќе ја очекуваат во вториот шешир.

Од третиот шешир сите ќе сакаат да ја избегнат селекцијата на Холандија.

По последниот шешир по квалитет се наоѓа Велс, дебитантот Финска и четирите селекции кои ќе влезат на ЕП преку Лигата на Нации (една од нив би можела да биде и Македонија).

ШЕШИР 1: Белгија, Италија, Англија, Германија, Шпанија, Украина.

ШЕШИР 2: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Холандија, Русија.

ШЕШИР 3: Португалија, Турција, Данска, Австрија, Шведска, Чешка.

ШЕШИР 4: Финска, Велс, четири селекции победници во Лигата на Нации.

Со оглед на големиот број на земји-домаќини, уште од претходно беше утврдено кои селекции во која група ќе се најдат доколку обезбедат пласман на ЕВРО 2020.

ГРУПА А: Италија

ГРУПА Б: Русија, Данска, Белгија

ГРУПА Ц: Холандија, (Романија)

ГРУПА Д: Англија, (Шкотска).

ГРУПА Е: Шпанија (Р. Ирска).

ГРУПА Ф: Германија (Унгарија).

* Во заграда се наведени земјите кои се уште немаат билет за ЕП, но можат преку Лигата на Нации да обезбедат пласман на ЕВРО 2020.

** Белгија оди во групата на Данска и Русија како домаќини на ЕП 2020. Од носителите, само Белгија и Украина не се дел од ко-домаќините на шампионатот, Украинците не можат да се најдат во иста група со Русија, па затоа однапред се знае дека Белгија ќе биде дел од групата Б.

*** Секоја домашна репрезентација ќе игра најмалку по две средби пред своите гледачи. Домаќинот на директниот дуел на двете земји-организатори ќе биде одреден со ждрепка.

Се вчитува...