Се е полесно кога ќе влезе Халанд: Сити губеше со 2-0, но со пресврт славеше над Јокохама (видео)

Манчестер Сити со ефикасно издание и победа од 5-3 над јапонскиот првак Јокохама ја почна серијата контролни натпревари во пресрет на новата сезона, меч што го одбележа голем пресврт откако по триесетина минути игра Јокохама дојде до предност од 2-0.

Стоунс постигна убав гол за 2-1 од петнаесетина метри, по што пред крајот на полувремето Алварез израмни на 2-2 по големата грешка на јапонскиот голман.

Вториот дел мина во знакот на Ерлинг Халанд, кој влезе во игра на паузата меѓу двете полувремиња и со два погодоци (еден во 52, еден во 91. минута) јасно стави до знаење дека планира да ја продолжи неверојатната голгетерска серија од ланската сезона. Еден погодок за Сити на овој натпревар постигна и Шпанецот Родри, кој исто како и Халанд влезе во игра во второто полувреме.

Се вчитува...