Се е полесно за Меси кога го има крај себе Луис Суарез (видео)

Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето од Купот на Шампионите на КОНКАКАФ откако синоќа славеше со 3-1 на реванш дуелот против Нешвил (првиот меч заврши 2-2).

Во главна улога повторно беа Лео Меси и Луис Суарез, најдобрите пријатели од Барселона кои сега блескаат еден крај друг и во дресот на Интер Мајами. Меси асистираше до уругвајскиот голгетер за водечкиот погодок на самиот почеток од мечот, за Аргентинецот самиот да зголеми на 2-0  на средина од првото полувреме.

Суарез во вториот дел асистираше до Тејлор за водство од 3-0, а гостите до крајот успеаја само да го ублажат поразот.

Проблем за тренерот Мартино беше што Меси се пожали на повреда на почетокот од второто полувреме и мораше да биде заменет, а аргентинскиот стратег по мечот изјави дека не е сигурно дали Аргентинецот ќе може да настапи на следниот натпревар на Интер Мајами.

Се вчитува...