Кошаркарската репрезентација на Словенија славеше со 86-80 над Бразил, во генералната проба пред стартот на олимписките квалификациски турнири кои ќе ги дадат имињата на последните патници за ОИ во Париз. За Словенија ова беше исклучително важен меч бидејќи Лука Дончиќ се појави во тимот по напорната НБА-сезона и повредите заработени во текот на плејофот. Згора на тоа, ова беше прв меч на кој Дончиќ настапи заедно со Џош Нибо, новиот натурализиран играч на Словенија кој би требало да биде од голема помош во борбата под обрачите.
Словенците се мачеа само во првата четвртина од овој дуел, во кој нападот не функционираше, па Бразил го заврши овој дел од мечот со 12-18. Дончиќ и соиграчите влегоа во ритам во вториот период, добивајќи го со 29-19, по што Словенија имаше контрола над резултатот до самиот крај, иако на крајот славеше со скромни шест поени разлика.
Дончиќ очекувано беше прва виолина со 32 поени, 7 скока и 7 асистенции, Николиќ постигна 14 поени, додека Нибо го заврши натпреварот со 10 постигнати поени.
Nothing easier. 🤌🏼#mojtim pic.twitter.com/v0G3JsTOab
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) June 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА