Се е познато и во Лигата на Европа по последното коло во групната фаза од второто по квалитет европско клупско натпреварување. По осмото одиграно коло, веќе се познати осумте екипи кои обезбедија директно место во осминафиналето, а тоа се Лацио, Атлетик Билбао, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ајнтрахт Франкфурт, Лион, Олимпијакос и Глазгов Ренџерс.
Ренџерс се „протна“ во осминафиналето со победата над Ројал Унион од 2-1, а благодарение на тоа што Бодо Глимт ремизираше (1-1) на гостувањето против Ница, и покрај тоа што Норвежаните имаа и водство од 0-1 кое ги водеше во осминафиналето.
И Андерлехт извиси, па ќе играм само во 1/16-финале најпрво, откако загуби со 3-4 пред своите навивачи од Хофенхајм.
Од друга страна, Фенербахче со ремито (2-2) на гостувањето против Митјиланд во Данска успеа да дојде до последното место кое води во 1/16-финалето.
Славија Прага, на младиот македонски голман, 18-годишниот Стефан Јовановски, ремизираше (2-2) со Малме на крај не успевајќи да се избори за следна фаза во Лигата на Европа. Јовановски и денеска беше на клупата за резервни фудбалери кај Славија Прага.
РЕЗУЛТАТИ – ЛИГА ЕВРОПА (8. коло)
Ајакс – Галатасарај 2-1
Андерлехт -Хофенхајм 3-4
Рома – Ајнтрахт Ф. 2-0
Атлетик Б. – Викторија Плзен 3-1
Брага – Лацио 1-0
Динамо Киев – РФС 1-0
ФЦСБ – Манчестер јунајтед 0-2
Ференцварош – АЗ Алкмар 4-3
Лион – Лудогорец 1-1
Макаби Тел Авив – Порто 0-1
Митјиланд – Фенербахче 2-2
Ница – Бодо Глимт 1-1
Олимпијакос – Карабах 3-0
Ренџерс – Ројал Унион 2-1
Реал Сосиедад – ПАОК 2-0
Славија Прага – Малмe 2-2
Тотенхем – Елфсборг 3-0
Твенте – Бешикташ 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА