Агентот на Лоренцо Инсиње, Винчелнцо Писакане изјави дека Наполи му дал неприфатлива понуда на фудбалерот за продолжување на договорот, но истакна дека и натаму има надеж за негово останување во Неапол.
Оваа нова ситуација се повеќе ги подгрева шпекулациите дека Италијанецот ќе замине од екипата следното лето. Писакане зборуваше во едно интервју за сегашната ситуација.
„Дадена му е понуда од Наполи која во моментов е неприфатлива, но тоа не значи дека ќе престанеме да разговараме“, рече Писакане.
„Секој си има свои барања. Најдобро е да продолжиме да разговараме. Неколку пати прочитав дека Лоренцо барал премногу, но тоа не е вистина. Тој го чувствува Наполи како дел од него, дури и премногу блиску. Не би можел да кажам кој играч е повеќе приврзан за клубот како Инсиње. Не сакам да излегувам во проценти колку Инсиње е сега далеку од Наполи. Но, реков ќе разговараме. Не го гледам Лотенцо во друг клуб, тој е симбол на Наполи“, рече Писакане.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА