Кристијано Роналдо е еден од најплатените фудбалери во светот, па јасно е дека може да си ги дозволи сите луксузи за кои „обичните смртници“ можат само да сонуваат.
Така, асот на Јувентус го искористи слободниот ден од својот клуб за да мине два дена во Лондон со својот син и со девојката Георгина Родригез. Тие престојуваа во луксузниот хотел „Булгари“ во Најтсбриџ, каде едно ноќевање чини минимум 10.000 евра, но тоа не беше најскапата сметка што Роналдо ја плати во текот на кратката „екскурзија“ до британската престолнина.
Имено, пред да се упатат на тенискиот меч меѓу Ѓоковиќ и Иснер, Роналдо и Родригез со мала група пријатели минале петнаесетина минути во ексклузивниот ресторан „Скот’с“ во Мејфер. Притоа, тие нарачале Ришенбур Гранд Кру, вино што го нема ниту во ценовникот, а чини 20.000 евра по шише. Пет минути подоцна келнерот им донел и 1982 Померол Петрус, по цената од 10.000 евра.
Вината експресно биле испиени, по што петнаесетина минути подоцна друштвото си заминало од ресторанот и се упатило кон О2 арената, каде се одржува АТП-шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА