Се има сила само за еден час…? Или, се има страв од резултат? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Недоволна физичка подготвеност или недоволен победнички менталитет? Двете поенти околу кои размислува и ќе размислува македонската фудбалска јавност по неверојатно трагичниот пораз на Македонија од Украина кој очигледно остави силна негативна трага меѓу македонските репрезентативци вечерва на арената „Тодор Проески“. Двете поенти околу кои ќе се „кршат копјата“ на „аналитичарите“, во насока да се извлечат поуки од начинот на кој се загуби добиен натпревар.

„Македонија имаше се во свои раце, но ги испушти поради сопствени грешки. Само поради нашиот менталитет на терен“ – ќе рече Барди по дуелот со Украинците.

„Паднавме на физички план во второто полувреме, и тоа пресуди“ – ќе рече Роберт Стојановски, асистентот на Благоја Милевски кој ја водеше Македонија од терен на вечерашниот дуел.

„Класичен македонски менталитет…“ – ќе рече, пак, капитенот Стефан Ристовски.

 „Не знам, навистина не знам што се случи“ – ќе рече и Аријан Адеми.

И, јасно е дека навистина е тешко да се каже што се случи. Посебно е тешко само неколку минути по крај на натпревар. Анализи допрва ќе престојат, веројатно и после дуелот со Англија. Затоа што сега – засега, се ова треба да се заборави. Следува „Олд Трафорд“ во Манчестер, уште еден сериозен предизвик. А, „Олд Трафорд“ и тоа како е секогаш е добар момент за поправен!

 

 

 

Се вчитува...