Се исполни желбата на Мурињо – Белоти потпиша за Рома

Жозе Мурињо мина долго време убедувајќи го Андреа Белоти да му се придружи во Рома, за желбата на „специјалниот“ денеска и официјално да биде исполнета.

Одличниот 28-годишен голгетер денеска потпиша договор со Рома, со важност од една година, но и автоматско продолжување за уште две сезони доколку бидат исполнети одредени критериуми во текот на овој шампионат. Белоти доаѓа на „Олимпико“ како слободен играч, по истекот на неговиот договор со Торино, а зад неговото име досега се запишани 106 гола на 270 одиграни натпревари во Калчо-лигата.

„Сите се сведоци на зголемените амбиции на Рома, што е фасцинантно за мене. Сакам да напредувам во кариерата, да бидам се подобар од ден во ден и верувам дека Рома е вистинскиот клуб за вакво нешто. Едвај чекам да истрчам на Олимпико, да ја слушнам химната на Рома и што поскоро да заиграм пред верните навивачи“, изјави Белоти.

Се вчитува...