Се појави Деле Али откако вчера беше прогласен за исчезнат

Вчера паничен ден во Бешикташ, откако клубот му дал слободни денови на поранешниот англиски репрезентативец Деле Али, но потоа не можеле да го лоцираат.

Тренерот Шенол Ѓунеш истакна дека му дале слободни денови, но потоа од него немало ниту трага ниту глас.

„Му дадовме слободни денови на Али, и сега не можеме да го најдеме. Можеби проблем е дождот, ќе видиме…“, рече вчера Ѓунеш.

После неколку часа потрага, се огласи и фудбалерот. Тој кажа дека бил на лекарски прегледи и дека веќе денеска се враќа на тренинзите.

„Добив многу пораки, ви благодарам за вашата грижа. Клубот ми даде дозвола да одам на лекарски прегледи. Се враќам на тренинзите“, рече Али.

Многумина сметаа дека Али нема да се врати во Бешикташ со оглед дека е незадоволен од својот статус во тимот. Неговата форма отиде во длабок пад, иако за него своевремено се интересираа големите гиганти како Барселона и Реал Мадрид.

Се вчитува...