Тајсон Фјури воопшто не беше импресиониран од она што го виде од Александар Усик при неговиот триумф над Ентони Џошуа со кој украинскиот боксер ги одбрани шампионските појаси.
Усик по мечот изјави дека би сакал следната борба да му биде против Фјури за да се обиде да ги обедини сите појаси во тешка категорија, проблем е што „кралот на циганите“ неодамна објави пензија, но по последната објава на Тајсон Фјури се чини дека тој би можел да се врати во рингот.
„Да бидам искрен откако го изгледав ова… не личеше на бокс, двајцата беа очајни. Ова беше една од најлошите борби за титула што некогаш сум ги гледал. Јас би ги истепал и Усик и Џошуа во иста вечер. Извадете ги чековите бидејќи Кралот на циганите е овде за да остане, засекогаш“, порача Тајсон Фјури.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА