Се јави фудбалерот за кого имаше минута молк: „Кога слушнав дека сум умрел, си турив една ракија…“

Се уште светот не може да ја заборави бизарната ситуација во бугарскиот фудбал од мечот меѓу Арда и Левски кога имаше минута молк за поранешен фудбалер за кој се мислело дека е мртов, а тој бил жив.

На социјалните мрежи во Бугарија и некои медиуми се појавила вест дека поранешниот фудбалер Петко Ганчев е мртов, па на мечот меѓу Арда и Левски имаше минута молк.

По таа ситуација се огласи и самиот Ганчев кој за бугарските медиуми , низ смеа, истакна дека кога „ја слушнал тажната вест си турил една ракија и прославил дека е жив…“

„Во тие моменти на стартот на натпреварот возев кон мојот дом, каде брзав да го гледам токму натпреварот. И додека возев ми ѕвони телефонот без престан од многу лица, но бидејќи возев не можев да се јавам, помислувајќи дека ќе им се јавам кога ќе стигнам дома. И само што влегов дома сопругата ме дочека во солзи викајќи: ‘Петко, Петко… на телевизија објавија дека си починал’. Не можев да разберам за што се работи, па ми требаше време да разбера што е работата. Навистина е стресно кога ќе ве погребаат жив. Се случуваат чудни работи, навистина не беше лесно. Можеби се појавиле гласини, но таква вест да објавиш пред целата бугарска јавност… Ме бараа многу луѓе, пријатели, роднини, познаници… Не беше пријатно, но на крај испадна добра. Кога ја слушнав таа тажна вест, на крај си наточив и чаша ракија“ – раскажа Ганчев како тој минал низ целата ситуација.

Се вчитува...