Се јави и Балотели: Јас бев крив за се во 2014, а сега…

Критики кон италијанската репрезентација доаѓаат од сите страни, а беше само прашање на време кога својот глас ќе го крене и Марио Балотели, голгетерот кој воедно и го постигна последниот мундијалски погодок за „аѕурите“ на СП 2014.

Според него, недостигот на карактер во италијанскиот национален тим е и повеќе од очигледен, потенцирајќи дека фијаското е уште поголемо ако се знае дека од овој мундијал бројот на учесници беше зголемен на 48 селекции, а Италија сепак не успеа да стигне до билет.

„Јас бев тој што беше „распнат“ од јавноста во 2014 година. Им рекоа на медиумите дека јас сум бил проблемот во репрезентацијата, во италијанскиот фудбал севкупно. Што е изговорот сега? Јас го постигнав последниот гол за Италија на СП пред повеќе од 12 годиини, оттогаш гледам од мојот кревет како се тоне се повеќе и повеќе. ФИФА го зголеми бројот на учесници на 48, половина планира ќе патува на СП, а ние најдовме начин да загубиме од БиХ. Сакааат да плачат дека системот не бил фер, но реалноста е поинаква – во репрезентацијата нема луѓе со карактер. Кога почнаа пеналите, видов лица исполнети со страв… Во 2014 јас бев виновникот. Сега… сега беше за срамота“, порача Марио Балотели.

Се вчитува...