Во Хрватска еуфорично се прославува големата победа над Бразил со која „коцкестите“ се пласираа во полуфиналето од СП 2022 во Катар.
Новинарите од оваа земја успеаја да го најдат и Чиро Блажевиќ, прославениот стратег под чие водство Хрватска за првпат стигна до едно мундијалско полуфинале, на СП 1998. Блажевиќ веќе подолго време води борба со тешка болест, но во свој стил им заблагодари на играчите за радоста што му ја приредија.
„Браво браво браво. Што да кажам, фала ви момци, ми го продолживте животот со оваа победа. Многу сум лошо, не е добра ситуацијата, но многу ме развеселија. Направија фудбалска сензација за која долго ќе зборува цел свет. Секако дека плачев од радост, јас сум голем плачко“, изјави Чиро Блажевиќ за хрватските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА