Се јави и Ериксен: Фала на сите за поддршката, многу ми значи…

Кристијан Ериксен за првпат се јави во јавноста по страшната случка на стадионот „Паркен“ во Копенхаген каде за малку ќе го загубеше животот.

Тој се уште се наоѓа во болница во Копенхаген, од каде на својот профил на инстаграм испрати фотографија и порака со благодарност за поддршката што ја доби од целиот свет во изминатите два дена.

„Поздрав до сите…

Голема благодарност за вашите неверојатни поздрави и пораки што ги добив од целиот свет. Ми значи многу, на мене и на моето семејство. Се чувствувам добро – со оглед на околностите. Се уште мора да ми бидат извршени уште некои испитувања, но се чувствувам ОК. Сега, ќе навивам за момците од данската репрезентација на следните натпревари.

Се најдобро, Кристијан“, напиша Ериксен.

Се вчитува...