Нов скандал ја тресе атлетиката откако тренерот на Џастин Гетлин, Денис Мичел, е фатен со докази како нуди допинг-средства за подобри резултати. Со ова се фрла нова дамка врз светскиот првак Гетлин, кој претходно два пати беше суспендиран за допинг-скандали, но Американецот тврди дека воопшто не е запознаен со дејствијата на војот тренер.
„И јас самиот сум во шок. Како што веќе знаете, веднаш по обелоденувањето на скандалот јас ја прекинав соработката со Денис Мичел, нема да дозволам некој да лаже и да ми става дамки врз резултатите. Јас не користам забранети супстанци за да ги подобрам своите резултати. Отсега работите се во рацете на моите адвокати и повеќе нема да коментирам на оваа тема“ – порача Гетлин преку соопштение до јавноста.
Без оглед на ваквиот потег на светскиот шампион, Атлетската Федерација најави истрага во која ќе биде вклучен и самиот Гетлин, за да се утврди дали бил на било каков начин поврзан со новиот скандал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА