По синоќешниот цикрус кој го приреди во ложата на стадионот во Санкт Петербург и колабирањето по финишот на мечот, се огласи и Диего Марадона кој преку своите агенти порача дека се чувствува добро и ќе биде подготвен за навивање на 30. јуни кога Аргентина се среќава со Франција во осминафиналето на СП 2018.
„Сакам на сите да им порачам дека сум добро. Ми беше малку лошо, имав вртоглавица и силен притисок… На полувремето ме болеше вратот, докторите ме прегледаа и ми препорачаа да одам дома да одморам. Но јас сакав да останам зошто тоа беше важен меч за нас. Како да си одев? Но, сега се чувствувам добро и им порачувам на сите Аргентинци повторно добро да се подготвиме да ја поддржиме репрезентацијата на мечот против Франција“ – истакна аргентинската легенда откако успеа да се разбуди.
DIEGO MARADONA IS SO HIGH. HE CAN’T EVEN WALK pic.twitter.com/YIkOeLzc90
— Football Stands (@TheFootyStands) June 26, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

