Се јави и „виновникот“ за допинг-скандалот на Синер: Порано или подоцна, ќе кажам што навистина се случи

Џакомо Налди беше посочен како главен виновник за големата допинг-афера и двата позитивни допинг-теста на Јаник Синер уште во месец март.

Италијанскиот тенисер најпрвин мина со блага казна од Тениската Анти-допинг асоцијација, но по жалбата на ВАДА се очекува Синер речиси сигурно да добие суспензија од најмалку една година од терените. Медиумите го посочија Налди како човекот кој му го дал на Синер лекот што содржел забранета супстанца, тој во август доби отказ заедно со кондицискиот тренер Умберто Ферара, но последната изјава на Налди јасно става до знаење дека тој не ја прифата одговорноста…

„Добро сум, жал ми е како и сите останати, но се надевам дека порано или подоцна ќе можам да кажам што навистина се случи. Би сакал да се знае тоа што ќего кажам за да се има целата слика… Во моментов, баш како и сите, не можам ништо да откријам“, истакна Налди, не наведувајќи дали е тоа поради истрагата на ВАДА или има потпишано договор за молчење со Синер.

 

Се вчитува...