Се јавија и луѓето кои го закопаа Вардар: Премиерот ни вети 2,5 милиони евра, ниту еден играч нема тужба кон РК Вардар

Вардар ги доживува најтешките моменти во клупската историја откако „црвено-црните“ беа исфрлени од Лигата на Шампионите, а се уште се стравува дека би можело да ги снајде „сценариото“ на Металург, па пред самиот старт на сезоната ЕХФ да побара и нивно исклучување од домашното првенство.

Главен виновник без конкуренција е Сергеј Самсоненко, кој го остави клубот во огромни долгови, а денеска со соопштение се јавија токму блиските соработници на Русинот, давајќи свој осврт на кризата.

Во соопштението потпишано од екс-директорот Давор Стојаноски вината се бара секаде, од Премиерот и неисплатените (а ветени) 2,5 милиони евра, до коронавирусот и секако ЕХФ, инсинуирајќи ја „теорија на заговор“ во европската куќа на ракометот.

Соопштението го пренесуваме во целост, но во него никаде не се споменува дека сето ова немаше да се случи доколку Самсоненко ги исполнуваше своите обврски додека беше на чело на клубот и не го закопаше Вардар во „жив песок“. А долговите почнаа да се таложат уште пред освојувањето на втората европска титула.

Се вчитува...