Македонските одбојкари се ставени на столбот на срамот и се враќаат дома предвреме од Медитеранските игри, како што истакнува „репортерот од Тарагона“, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, во соопштение на Фејсбук, поради „недисциплина, недолично и неодговорно однесување, манифестирано во Медитеранското село, ноќта по последниот натпревар против Шпанија“.
Но, има ли и друга страна на приказната… Се јавија и одбојкарите, исто така на Фејсбук, преку својот капитен Никола Ѓоргиев. Тие велат:
„После се што направивме за Македонија барем ја заслужуваме вистината…Веќе не осудивте! Ова не го заслуживме!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА