Се проценува дека сите натпревари на Светското првенство во Катар ќе траат во просек по 100 минути, па дури и подолго.
Фразите како „натпреварот се игра до последната 90 минута“ веќе нема да имаат смисла по Светското првенство во Катар.
Судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите на Мундијалот во Катар добија строги упатства двете полувремиња да траат подолго од регуларните 45 минути, односно да се надополни секоја минута од загубеното време.
Според тоа, се проценува дека натпреварите на 22. Светско првенство ќе траат 100 минути или подолго, во зависност од бројот на постигнати голови, бројот на повреди и замени, употребата на ВАР технологијата и сите други прекини на активното играње.
Официјално нема ништо ново во однос на правилата на игра. Но, беше забележано дека досега овие правила не беа секогаш и секаде целосно применувани, па натпреварите траеја многу помалку од „вистинското пропуштено време“. Затоа, пред Светското првенство во Катар, на арбитрите им беше наложено потемелно да пристапат кон ова прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА