Шпанскиот интернационалец Алваро Мората ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ во зимскиот преоден рок, но можеби Севилја нема да биде неговата следна дестинација. Беше речиси договорено тој да замине на шестмесечна позајмица во шпанскиот прволигаш, но се појавија проблеми во преговорите меѓу двата клуба. Го потврдува тоа спортскиот директор Хоакин Капарос.
„Заинтересирани сме за Мората, тоа е точно, но исто така е вистина и дека со Челси се преговара многу тешко. Фудбалерот исто така изрази желба да игра за Севилја, но треба да се договорат многу детали околу соработката“, изјави Капарос.
Мората за 60 милиони фунти од Реал Мадрид се пресели во Челси во 2017 година и не успеа да се наметне како главен реализатор на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА