Се коцкал со парите од „теглата за казни“, па остана без клуб

Поранешниот фудбалер на Брајтон и Саутемптон, Вегард Форен пред време ја заврши епизодата во Молде. 32-годишникот му признал на раководството на клубот дека има голем проблем со коцкањето, но и дека без никој да знае крадел пари од „теглата за казни“, на клупската благајна во која фудбалерите оставале пари доколку задоцнат на тренинг или направат сличен дисциплински прекршок.

За норвешкиот клуб немало дилеми, и откако дознале за ова и покрај признанието на Форен тие одлучиле тој да заработи отказ. Сезоната во норвешкото првенство требаше да стартува на 4. април, но поради пандемијата од коронавирусот која ја зафати цела Европа, стартот на новиот шампионат во оваа скандинавска држава најверојатно ќе биде на 16. јуни.

Се вчитува...