Се „крчка“ топ трансфер: Рома на шопинг во Манчестер

Рома ќе го искористи зимскиот преоден рок за засилување во нападот и тоа од редовите на Манчестер Јунајтед, пренесуваат италијанските медиуми.

Станува збор за Џошуа Зиркзе, фудбалерот за кој „црвените ѓаволи“ издвоија 40 милиони евра, но сега 24-годишникот не само ги оправда, туку и не успеа да се наметне со англискиот тим па сега е блиску до враќање назад во Италија.

Холанѓанецот со успех настапуваше во Серија А од 2021 до 2024 година бранејќи ги боите на Парма и Болоња. Успешните настапи во Италија му донесоа место во англискиот гигант, но оваа сезона започна само три натпревари и одигра вкупно 345 минути па и Манчестер Јунајтед е подготвен да се збогува со него.

Се вчитува...