На седницата на Собранието на АБА лигата е донесена важна одлука – ќе се менува форматот на АБА лигата.
Како што пренесува „Меридијан спорт“, потврдено е дека АБА лигата во иднина ќе може да брои најмногу 20 клубови, а усвоен е и предлог според кој најмногу 50 отсто од учесниците можат да доаѓаат од една земја.
Ваквата одлука би можела да има директни последици врз структурата на лигата со оглед на тоа што во моментов учествуваат 16 екипи, а најголем број доаѓа од Србија – дури шест клуба.
Интересно е што предлогот не беше едногласно прифатен. Како што се наведува, Задар и Цибона гласале против, а Крка воздржана.
Овие измени нема многу да влијаат врз македонските клубови, кои засега се натпреваруваат во АБА 2, и се далеку од пласман во најелитното регионално натпреварување. Сезонава во АБА 2 учествуваа Работнички, МЗТ и Пелистер. МЗТ оствари три победи, но не успеа да се пласира меѓу топ 8 екипи, додека Работнички заврши без ниту една победа, а Пелистер оствари само еден триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА