Македонската ракометна репрезентација ги одработува финалните подготовки пред утрешниот свој старт на Европското првенство 2026 кое се игра во Данска, Шведска и во Норвешка.
Избраниците на Кире Лазаров се во исклучително тешка група на шампионатот, но нескриени се најавите од македонскиот табор дека на дуелите против домаќинот Данска, Португалија и Романија ќе се даде максимумот за позитивни резултати на шампионатот.
Во Хернинг денеска се местат и последните „коцкички“ околу изгледот на тимот за утрешниот натпревар против домаќинот Данска од 20.30 часот. Натпревар кој треба да го демонстрира и капацитетот на македонскиот состав за евентуално изненадување и обид за пласман во следната фаза од натпреварувањето на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

