Поранешниот француски репрезентативец Криштоф Дугари вели дека искрено се надева дека Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ.
Според Дугари, Мбапе веќе подолг период само стагнира во редовите на францускиот клуб и потребен му е нов предизвик. Мбапе има договор со ПСЖ до јуни оваа година, а подолг период одбива да потпише нов договор.
„Со сето срце се надевам дека ќе си оди од ПСЖ. Мбапе стагнира, станува предвидлив во дуелите, му недостасува сила и карактер. Често е невидлив на терен. Изгледот му е негативе, се повеќе само гестикулира по терен, нервозен и помалку изгубен. Веќе неколку месеци работите во ПСЖ не се добри и затоа треба да си оди“ – вели Дугари и дополнува:
„Веќе сите се заморени од постојаните приказни дали ќе се оди или не. Уморен сум од гласините за неговата иднина. Па, мора веќе еднаш да одбере нова средина, да се среди од секаков аспект и да заврши оваа приказна“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

