Се најавува фудбалски „земјотрес“ во Италија: Конте го напушта Наполи и се сели во Милан!?

Угледниот италијански весник „Газета дело спорт“ ја објави ударната вест дека Антонио Конте на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи и ќе го преземе тимот на Милан.

Стручњакот наводно и изминатото лето бил заинтересиран за клупата на Милан, меѓутоа се реши да замине во Неапол, каде што добро тргна, и е во трка за шампионскиот пехар во Серија „А“.
Сепак, „Газета“ напоменува дека односите со првиот човек Аурелио де Лаурентис не биле најдобри, и затоа е можна разделба. Преземањето на Милан би бил вистински фудбалски земјотрес, со оглед дека Конте во минатото го водеше градскиот ривал Интер, но и Јувентус.
Постои верување дека оваа информација е лансирана од страна на претседателот на Интер, Бепе Марота со цел да го дестабилизираат Наполи во шампионската трка. Исто така се верува дека неслучајно Интер во вклучил во шпекулацијата градскиот ривал Милан, со кого игра во полуфиналето на Купот на Италија.

Се вчитува...