Се најавува полна арена во Разград: Бугарија има само 17 победи од 36 меча кои како домаќини ги играле надвор од Софија

ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ

Домаќините овде во Шумен, најблискиот поголем град до Разград, каде утре ќе се игра првиот натпревар меѓу Бугарија и Македонија од Лигата на нации најавуваат силна поддршка за бугарската селекција на средбата со репрезентацијата на Благоја Милевски.

Според најавите, „Хувефарма арената“ во Разград ќе биде исполената до последното место а е со капацитет од 10.000 седишта.

Одлуката на Бугарскиот фудбалски сојуз да се игра во Разград се чини е од единствена причина, да се избегне Софија која е далеку поблиску до Македонија и значително полесно ‘достапна’ за бројни македонски фанови. Со Разград се овозможува главно на домашните навивачи да присуствуваат на мечот, иако е најавено присуство и на околу 200 македонски навивачи.

Бугарија досега во својата историја одиграла само 36 натпревари надвор од Софија, и тоа најголем број на стадионот во Бургас. Од нив, Бугарите запишале 17 победи на натпреварите кои ги одиграле надвор од главниот град.

Се вчитува...