Се најде фудбалер што го одби Мино Раиола

Мино Раиола веќе неколку години го мина Жорге Мендеш на листата на највлијателни фудбалски агенти, па по Ибрахимовиќ, Погба, Лукаку… тој сега ги застапува и новите ѕвезди на холандскиот фудбал, Френки де Јонг и Матијс де Лигт. Врвните играчи самите го бараат Раиола да преговара во нивно име за нов договор или пак за изнудување на трансфер, но сепак постои и млад фудбалер кој е со сосема спротивни размислувања од своите колеги, па директно го одбил супер-агентот кој се обидел да потпише договор со него.

Станува збор за Николо Заниоло, новата ѕвезда на Рома и на италијанскиот фудбал, кој на 19-годишна возраст постигна два гола на осминафиналниот меч од ЛШ против Порто. Офанзивниот фудбалер со секој нареден натпревар се повеќе добива на популарност, што беше доволна причина за Раиола да побара средба и да му понуди соработка.

Само што, Заниоло воопшто не бил заинтересиран за состанок, па го испратил својот татко. А тој експресно го откачил Раиола, со образложение дека Николо е презадоволен од соработката со сегашниот агент Клаудио Вирорели. Новото италијанско „чудо од дете“ дефинитивно е феномен и по начинот на однесување и размислување, откако минатата седмица јавно ја отфрли и понудата за трансфер во Јувентус со образложение дека не планира да си замине од Рома.

Рано ми е за споредби со Тоти, но дефинитивно би сакал да останам овде цела кариера“ -истакна Заниоло.

Се вчитува...