Се најде заинтересиран клуб: Куман пред нов ангажман

Роналд Куман од неодамна доби отказ од Барселона, и беше наследен од Чави Хернандез. На навивачите на Барса им олесна, откако видоа дека Куман повеќе не е на клупата, кој, според фановите е главниот виновник за случувањата во екипата.

Меѓутоа Холанѓанецот нема да чека многу за нова работа. Според најновите информации, тој би можел да биде именуван за нов тренер на Глазгов Ренџерс на местото на Стивен Џерард кој што седна на тренерскат клупа на Ливерпул.

Но, Куман има конкуренција во Френк Лампард за ова место, па така деновиве ќе се знае кој ќе биде наследникот на Џерард на клупата на шкотскиот гигант.

Се вчитува...