Астон Вила и Челзи водат првични разговори за можен трансфер на Рахим Стерлинг. Поранешниот играч на Ливерпул стана дел од голема група играчи кои не влегуваат на плановите на Енцо Мареска и лондончани бараат купувачи за нив. Од „Стемфорд Бриџ“ веќе разговарале со неколку заинтересирани клубови, а нивен интерес пријавил и Бирмингем, но преговорите се во многу рана фаза.
Според англиските медиуми, Стерлинг претпочита да остане во Премиер лигата, но сигурно мора да си ја намали платата која моментално изнесува 325.000 фунти неделно. Се уште не е јасно колкава сума за трансфер ќе бара Челзи за 29-годишниот крилен напаѓач.
Другиот клуб од Премиер лигата за кој веќе пројави интерес е Кристал Палас. Јувентус е опција и за Стерлинг, кој сепак веќе преговара со Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА