Бројот на клубови во ракометната Супер-лига би требало да се намали од сезоната 2020/21, а големи се шансите од самиот старт на сезоната да бидат вклучени и најдобрите два тима од ланската сезона, кои покрај СЕХА ќе треба паралелно да настапуваат и во домашното првенство.
Ова се дел од клучните забелешки на денешната Конференција на клубови при РФМ, на која се дискутираше за предлозите за натамошен развој на ракометниот спот во државата. Предлогот за намалување на бројот на екипи во Супер-лигата дојде од куќата на ракометот поддржан со силен аргумент, големите проблеми со кои редовно се соочува најмалку еден суперлигаш, кој или не може да ја стартува сезоната или пак среде шампионат се заканува со истапување поради беспарица.
Претставниците на клубовите од Првата лига одбија воопшто да учествуваат во дискусиите на оваа конференција, останувајќи цврсти на ставот воопшто да не се натпреваруваат доколку Агенцијата за Млади и Спорт не им додели ваучери. Сите клубови од овој ранг на натпреварување останаа без државна помош, во борбата добија и поддршка од РФМ, но во отсуство на одговор од АМС на нивната иницијатива решија да останат доследни на ставот – доколку не им се излезе во пресрет повеќе да не се натпреваруваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА