Се навреди од понудата на ПСЖ за нов договор, па се сели на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед тргна по Нуно Мендеш (22), левиот бек на ПСЖ. Како што пренесуваат француските медиуми, Јунајтед веќе испратил официјална понуда за португалскиот фудбалер, кого Рубен Аморим многу добро го познава и ја чека одлуката на шефот на францускиот клуб за продолжување на преговорите. Висината на понудата се уште не е позната.

Да потсетиме, во летото 2022 година, ПСЖ го донесе тогаш 20-годишниот Мендеш. Парижаните за него платија 38 милиони евра обештетување на лисабонски Спортинг, а Португалецот оттогаш забележа 99 настапи за францускиот гигант. Во првите две сезони беше стартер и главна опција на левата страна, а потоа во третата не беше толку стандарден, делумно поради промени во тимот, делумно поради повреди.

Сега повторно успеа да дојде до стартерското место, а ПСЖ сакаше да го награди со нов договор и покрај тоа што неговиот актуелен е со важност до летото 2026 година. Мендеш ја има една од најниските плати во моемнтов, а ПСЖ му понудиле толку мала, што самиот играч наводно се налутил и навредил. Затоа тоа е причината што сака да го напушти тимот, а Манчестер Јунајтед сака сето тоа да го искористи.

Се вчитува...