Се ниша клупата на Инзаги: Челниците на Интер незадоволни од играта на тимот

Интер во новата сезона запиша три порази во седум меча и одбележа ужасно лош почеток во Серија А. Многумина веќе се сомневаат дека тимот на Симоне Инзаги има капацитет за „скудетото“, но иако се плетат шпекулации за смена на актуелниот кормилар такво нешто барем во брзо време нема да се случи.

Интер без оглед што е еден од главните фаворити за титулата се мачи сезонава, а трите порази веќе го вклучија алармот.

Николо Шира, еден од најпознатите италијански новинари, од „Скај Италија“ посочува дека постои големо незадоволство кај дел од челниците на клубот од работата и резултатите на Инзаги, но ќе му дадат уште една шанса, па сега ќе го поштедат тимот од радикален потег и веруваат во пресврт после двонеделната пауза за завршницата во Лигата на нации.

„Симоне Инзаги засега не е под ризик да биде сменет. Постои големо незадоволство кај дел од челниците на Интер, пред сѐ од игрите и од резултатите досега, но радикален чекор нема да има“, објави Шира.

Се вчитува...