Се одложи првото рочиште за случајот за злоупотреби на спортските ваучери во кое се обвинети поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски.
Рочиштето е одложено за 9. јули, поради отсуство на Дарко Каевски, кој не беше присутен поради хирушка интервенција на тетивата.
Во случајот, освен Каевски, обвинети се и Наумче Мојсовски, како и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.
Според Димевски, кривичната постапка за „случајот спортски ваучери“ е почната„ за да се испитаат гласините во јавноста дека за наплата на ваучерите некои лица барале незаконита награда – проценти“. Но, како што се вели „од страна на обвинителката со ниту едно дејствие не е направен обид да се истражат овие гласини“.
„Напротив, сите информации и шпекулации водат до еден моќен бизнисмен кој заинтересиран да се забошоти истрагата во соработка со обвинителот ја пренасочува истрагата во сосема друга насока. Она што уште повеќе зачудува е и фактот да пријавената обвинителка во постапката по обвинителниот предлог, повела обвинение исклучиво против членовите на Централната комисија за еваулација на барањата за т.н спортски ваучери и против директорите на Агенцијата за млади и спорт, но не и против членовите на комисиите на Националните федерации (кои го вршат бодувањето на клубовите и спортистите и кои имаат пристап до информациите и доказите за употребените критериуми), а ниту против членовите на Советот за спорт при Агенцијата за спорт и млади, кој Совет е орган кој одлучува за распределбата на ваучерите??? Но, иако предмет на истрагата беше т.н спортски ваучери, пријавената обвинителка целокупниот интерес го насочи кон Олимпискиот комитет и претседателот на ова здружение. Ова е очигледно и од исказите на сослушаните сведоци на кои од страна на обвинителката им беа поставувани прашања во врска со Олимпискиот комитет, иако ова здружение на никој начин не учествува во постапката за распределба за ваучерите, туку е обичен апликант за ваучер како и околу 2000 други субјекти во спортот. Но, очигледно е дека пријавената обвинителка прикажува посебен интерес за Олимпискиот комитет од само за неа познати причини и мотиви и самоиницијативно, без претходна координација, консултација и одобрение од претпоставените во Јавното обвинителство, влегла во ваква авантура спротивно на Законот и Кодексот на Јавното обвинителство“ – се вели меѓу другото во образложението на кривичната пријава од Даниел Димевски до обвинителката Раичевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА