Манифестацијата Избор на најдобрите спортисти на Македонија за 2025 година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 година се одложува поради доставување на дополнителни спортски остварувања во месец декември, информираат од Министерството за спорт.
Заради транспарентен и фер однос кон сите спортисти и нивните остварувања, Изборот на најдобрите одлучено е да се одржи во јануари 2026. Од Министерството за спорт информираат дека и сите идни избори ќе се организираат по завршувањето на календарската година, а не како досега во месец декември.
„Манифестацијата Избор на најдобрите спортисти за 2025 година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 година во НОБ во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт, се одложува поради доставување на дополнителни спортски остварувања во месец декември. Работната група за спроведување активности при организација на манифестацијата, заради транспарентен и фер однос кон сите спортисти и спортски работници, оцени дека доставените резултати треба соодветно да се вреднуваат и овие спортисти да бидат рамноправно вклучени во номинациите. Изборот на најуспешните спортисти за 2025 со дополнети номинации ќе се одржи во месец јануари 2026 и во иднина, сите наредни избори ќе се организираат по завршувањето на календарската година“ – се вели во информацијата од Министерството за спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

