Се огласи АБА-лигата: Партизан значително оштетен на дербито со Ц. Звезда!

Црвена Звезда триумфираше на синоќешниот дерби натпревар против Партизан во крајно драматичен натпревар кој беше одлучен и поради судиските грешки на штета на црно-белите.

Токму за судењето на мечот се огласи и АБА-лигата, од каде преку соопштение наведуваат дека во последната минута од мечот судиите двапати сериозно погрешиле, и двата пати на штета на Партизан.

„Судиите направија грешка на 59 секунди пред крајот на мечот кога при изведување на топка од аут од страна на кошаркарот на Партизан, Стерлнг Браун досудија минување на 5 секунди, иако тоа не беше случај. Исто така на 45 секунди пред крајот на мечот судиите направија грешка затоа што не досудија чекори на играчот на Црвена Звезда, Џоел Боломбој“ – се наведува меѓу другото во соопштението од АБА лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by B92 Sport (@b92.sport)

Се вчитува...