Се огласи Еди Хау: Ви благодарам за поддршката и убавите желби

Тренерот на Њукасл Јунајтед, Еди Хау упати благодарност за пораките за поддршка и убавите желби откако неговиот клуб објави дека тој се наоѓа во болница каде се опоравува од воспалување на белите дробови.

Хау е примен во болница во петок бидејќи не се чувствувал добро неколку дена. Задржан е на опсервација па затоа и го пропушти натпреварот против Манчестер Јунајтед во кој неговиот тим го прегази ривалот.

„Голема благодарност на сите поврзани со Њукасл, но и на целата фудбалска заедница за пораките за поддршка. Навистина ми значат многу мене и на мојата фамилија. Би сакал искрено да им се заблагодарам и на персоналот и на лекарите во болница. Благодарен сум за негата која ја добивам и се радувам на враќањето на моето работно место по опоравувањето, се надевам дека ќе се случи што поскоро“, порача Хау преку Њукасл Јунајтед.

Се вчитува...