Победничкиот гол на Феенорд на големото дерби со ПСВ Ајндховен предизвика бура од реакции откако гостите се жалеа дека станува збор за „технолошка грешка“ бидејќи топката не ја минала гол-линијата по ударот на Ван дер Хејден. Денеска со своја изјава се јави и главниот судија Бас Нихујс, кој ја објасни целата ситуација, вината префрлајќи ја кај гостинскиот голман Зут, кој ја сместил топката зад гол-линијата.
„Часовникот почна да ми вибрира, ми даде знак дека е гол. Поточно, не беше гол туку автогол, бидејќи сигнализирањето се случи откако голманот ја повлече топката кон себе. Ми требаше малку време да рразберам што се случи, но морав да го следам системот. Ако не веруваме на компјутерот, кому можеме да веруваме, особено откако сите клубови од Првата лига прифатија да се користи овој систем“ – изјави Нихујс.
Неколкуте часови по дербито биле пребурни за овој судија, кој ги исклучил профилите на социјалните мрежи.
„Добив многу покани за пријателство, но и смртни закани. Не ги сфаќам сериозно, колку и да не се пријатни знам дека тоа е дел од фудбалот, а навивачите ги праќаат во моментите кога се најнервозни“ – истакна холандскиот арбитар.
Погледнете ја огромната грешка на голманот на ПСВ Ајндховен на дербито на „Де Кујп“.
[youtube id=”1OigRavYA9g” width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА