Се огласи и Американската асоцијација околу повредата на Вон

Американската скијачка асоцијација објави кратко соопштение во врска со состојбата на скијачката Линдзи Вон.

Обидот на Линдзи Вон да им се спротивстави на очекувањата и да освои медал на она што веројатно ќе биде нејзина петта и последна зимска олимпијада заврши со ужасни сцени откако доживеа рана несреќа на трката по спуст за жени.

Вон веќе беше една од главните приказни на Игрите бидејќи се врати на натпреварувачкото скијање по операцијата на коленото, а неколку дена пред почетокот на Олимписките игри, доживеа уште еден пад во кој ги скина предните вкрстени лигаменти, но потврди дека сепак ќе се натпреварува.

Првите информации за нејзината состојба ги даде нејзината сестра Карен Килдоу, а подоцна американскиот тим потврди дека Вон е во стабилна состојба.

„Линдзи Вон претрпе повреда, но е во стабилна состојба и во добри раце со тим од американски и италијански лекари“, се вели во краткото соопштение на Американската скијачка асоцијација.

Вон беше изнесена со хеликоптер од патеката, по што доби овации од публиката. Натпреварот беше прекинат повеќе од десет минути додека и беше пружана лекарска помош.

Се вчитува...