Се огласи и Динамо: Ја осудуваме острата реторика на АЕК, тие како организатори имаат најголема одговорност

После соопштението од атински АЕК во кое се бара казна за Динамо и исклучување од сите УЕФА натпреварувања поради случајот со убиениот навивач во Атина, се огласи и хрватскиот клуб.

Од Динамо Загреб ја осудија острата реторика од страна на АЕК, и смета дека грчкиот клуб бега од одговорност за случајот.

„Динамо сака да реагира на неколку испади од страна на АЕК за трагедијата која се случи на 7 август. Динамо повеќе пати јасно, јавно и жестоко ги осуди нередите кои за жал имаа смртен исход. Насилството не е на местото во цивилизираното друштво и секогаш ќе се бориме за вистински вредности кои ги промовира нашиот клуб, а искрено сакаме да веруваме дека истите погледи ги дели и нашиот ривал АЕК.

Изразуваме жалост што АЕК со своите настапи и односувањето бега од одговорност, ги подигнува дополнително тензиите, и што во службените соопштенија користи непримерен, агресивен речник со цел да изврши притисок на УЕФА. Посебно е несфатливо човечката трагедија да се обидува да ја користи во своја промоција и резултат што покажува недостаток на елементарна пристојност и емпатии кон жртвата. Таквиот пристап го сметаме за непримерен, особено ако е јасно што презеде Динамо. Презедовме се што е во наша моќ оваа ситуација да не се случи. За сите случувања во Грција најголема одговорност имаат организаторите, грчката полиција и АЕК како домаќин.

Сакаме јасно да нагласиме дека одговорните лица се ставија на располагање на претставниците на АЕК, на УЕФА како и на полицијата со цел да се расветли случајот и атмосферата да се врати во спортски рамки. Цело време водевме активна комуникација со сите вклучени страни, освен со АЕК. Претставниците на грчкиот клуб од самиот почеток го опструираа секој можен начин на соработка и потрага по најдобро решение. Демонстративно го напуштија организацискиот состанок на денот на натпреварот, го откажаа службениот ручек на двете делегации, одбија било каква комуникација, и со самото тоа себе си ја доделија улогата на обвинители и судии. Таквиот пристап го сметаме апсурден.

Ја осудуваме комуникацијата со нашиот ривал од Атина особено кога истрагата е во тек и од ден на ден дознаваме нови информации. Нагласуваме дека до овој момент и натаму не е познат сторителот на делото, односно дали е хрватски или грчки државјанин. Никому нема да дадеме право на таков монструозен начин да се поигрува со Динамо. Нашиот клуб негува принципи на однесување и здрава комуникација со нашите ривали. Ги повикуваме челцнитие на АЕК да се посветат на фудбалот и смирување на тензиите, а улогата на истражувачи да ја препуштат на некои друг. Веруваме дека и хрватскиот фудбалски сојуз активно ќе се вклучи во оваа проблематика во интерес на хрватскиот фудбал.

Откако УЕФА донесе одлука за забрана на патување на гостински навивачи, ние упативме писмо во кое го информиравме Обвинителството дза времето на поаѓање и враќање, број на летови и местото на сместување и можно заминување на навивачи. Во тој допис нагласено е: „Зависно од бројот на навивачи, не може да се исклучи можноста за судир со други навивачи кои во тоа време ќе бидат во Атина“.

Истиот ден клубот состави документ во кој ги покривме сите прашања во врска со доаѓањето на нашите навивачи кои ги очекуваме во Грција. Документот е испратен до челниците на АЕК, а одговор од нив не добивме. Исто така е сипратен и до УЕФА која одговори дека е важно и АЕК да одговори на поставените прашања“, стои во соопштението.

Се вчитува...